in

Сиромашните земји не добиле ниту 1% од вакцините!

Директорот на СЗО соопшти дека вакцините против ковид-19 сеуште не се достапни за најсиромашните земји во светот.

Тедрос Аданом Гебрејесус соопшти дека досега биле примени околу 900 милиони вакцини со ковакс механизмот, но скоро сите отишле кај богатите земји, додека пак сиромашните примиле само 0.3 проценти од нив.

Тој ги осуди нееднаквостите во дистрибуцијата на вакцините и им порача на богатите земји да ги споделат вакцините што ги имаат со цел да им се побогне на посиромашните држави.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote