in

Сите честички на коронавирусот во светот ги собира на лименка од Кока-Кола!

Сите честички на вирусот корона кои во моментот кружат низ целиот свет може да се соберат во конзерва Кока-Кола, пресмета британскиот математичар Кит Јејтс.

Според пресметките на тој научник од Универзитетот во Бату, во моментов кружат околу два квинтилион, односно две милијарди честички од вирусот корона, пренесува Sky News.

Тој дојде до таа бројка комбинирајќи ги светските податоци за бројот на ново заразени и проценките на количината на вирусот по лице, и врз основа на пресметката на големината на короната на вирусот, во просек 100 нанометри, го пресмета вкупниот волумен на вирус.

Според Sky News, неговата работа покажува колку уништување можат да предизвикаат минијатурни честички од вирусот.

Во светот, скоро 108 милиони луѓе биле заразени со вирусот од почетокот на пандемијата на короната, а 2,6 милиони починале.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote