in ,

СлаткоСлатко

Сите соседи заедно спасуваат куче, заглавено на клима-уред (ВИДЕО)

На видеото од минута и пол, кое наводно е снимено во Истанбул, се гледа како луѓето ги здружуваат силите за кучето да дојде до прозорецот и неповредено да се врати во зградата.

„Најдоброто од човештвото во тешка и необична ситуација“,напиша во објавата Вала Афшар, кој го сподели виралното видео. На почетокот на видеото може да се види куче кое се нашло во непријатна ситуација – седело на клима уред неколку метри над земјата. Преплашено лаело и мавтало со опашот, а зад него имало прозорец од кој најверојатно скокнал врз климата.

Соседите го забележале палавото куче, па дошле до решение да го доведат до другиот најблизок прозорец, со оглед на тоа што станот зад него најверојатно бил празен. Низ другиот прозорец протнале даска и ја одвлекле до кучето, надевајќи се дека ќе се качи на неа и ќе премине кај нив. Цело време имало група луѓе кои стоеле под кучето и држеле чаршаф во случај кучето да се лизне и да падне.

За среќа, кучето брзо сфатило што треба да направи, па полека ја даската на прозорецот до човекот, а тој го зел и го одвел во зградата.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote