in

СКАНДАЛОЗНО: Музичар тврди дека бил отсранет од церемонијата за отворањето на Олимпијадата само затоа што е црнец!

Музичар од Сенегал тврди дека неправедно бил отстранет од церемонијата за отворањето на Олимпијадата, бидејќи организаторите не сакале да дозволат црнец да настапува на настанот.

Музичарот Латир Си, кој живее во Јапонија веќе 20 години, беше отстранет од церемонијата која се одржуваше на Националниот стадион во Токио. Наводно, Си бил резервиран за настапот уште во декември минатата година, но неговиот настап бил откажан во април.

Латир, во потрага за одговори за неговиот откажан настап, открил нешто скандалозно. Имено на неговите агенти им било кажано дека организаторите биле загрижени за имиџот на настанот доколку Африканец настапи на шоуто. Ова е необично бидејќи Сенегалецот претходно патувал околу светот и ја претставувал јапонската култура заедно со локалните изведувачи на сметка на властите на Јапонија.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote