in

Следна станица на Левандовски – Премиер Лигата?!

Неодамна беше соопштено дека кормилото на Баерн Минхен го превземе 33 годишниот тренер Јулијан Нагелсман и негова главна цел е освежување на екипата.

Младиот тренер ќе добије голем буџет со кој ќе се обиде да направи реконструкција и подмладување на сегашната екипа, а за голем број на првотимци, меѓу кои што е Левандовски ќе значи заминување од Минхен.

Левандовски сака нов предизвик во неговата кариера, а како главни кандидати се спомнуваат Челси и Манчестер Сити. Сити се разделува од Агуеро ова лето, а главна цел на Гвардиола е Халанд. Доколку тој трансфер пропадне, Граѓаните ќе се обидат со сите сили да го ангажираат Полјакот. Додека на Челси му е потребен класичен напаѓач, а Тухел совршената опција ја гледа во Левандовски.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote