in

Сличноста на облиците на одредена храна и делови од човечкото тело не е случајна!

Изреката „ти си тоа што го јадеш“ е добро позната на сите, а се користи многу често во последно време.

Не случајно здравата храна во форма често личи на одредени делови од телото. Може да биде и интересен потсетник за тоа каква храна треба да јадеме за целниот орган, иако овие здрави намирници се добри за целото тело.

Моркови
Исечете го морковот на половина попречно и лесно ќе забележите дека зеленчукот личи на окото – погледнете внимателно, па дури ќе забележите и образец на радијално распоредени линии кои имитираат зеница и ирис.

„Морковот е полн со витамини и антиоксиданси, како што е бета-каротен, кои ја намалуваат можноста за дегенерација на макулата, водечка причина за губење на видот кај постарите лица“, вели д-р Сасон Мулави.

Орев
Наборите на површината на оревот личат на друг човечки орган – мозокот. Не е изненадување што оревите имаат прекар „храна за мозокот“, според диететичарот Лиза Авелино, „тие имаат многу висока содржина на омега-3 масни киселини, кои помагаат во функционирањето на мозокот“.

Целер
Долгите, тенки стебленца на целер изгледаат исто како коски, а се добри и за нив. „Целерот е одличен извор на силикон, кој е дел од молекуларната структура што им дава цврстина на коските“, вели д-р Мулави. „Интересно е и тоа што коските содржат 23 проценти натриум, исто како и целерот“, вели Авелино.

Домат
Кога ќе исечете домат, ќе забележите дека има неколку комори кои личат на структурата на срцето. „Студиите откриле дека поради ликопенот во доматите, постои намален ризик од срцеви заболувања кај мажи и жени кои ги јадат“, вели Сомер, додавајќи: „Ако измешате домати со малку маслиново масло или авокадо, тоа ќе ја зголеми апсорпцијата на ликопен во вашето тело скоро десет пати.

Црвено вино
Црвеното вино, богато со антиоксиданти и полифеноли, вклучувајќи го и моќниот ресвератрол, изгледа како крв. „Кога го пиете, навистина се полните со здрави супстанции кои штитат од ЛДЛ холестерол, што може да предизвика срцеви заболувања“, вели Сомер. „Во црвеното вино има и соединение за разредување на крв, така што ги намалува згрутчувањето на крвта, асоцирано со мозочен удар и срцев удар.

Школки
Студиите обезбедија докази дека школките, кои имаат сличност со тестисите, се навистина добри за машките полови органи. „Истражувањата од Холандија покажуваат дека дополнувањето на диетата со фолна киселина и цинк, со кои се богати школките. Може да има значителен ефект врз подобрувањето на квалитетот на спермата“, вели д-р Мулави.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote