in

Откриена е слика на кенгур стара 17.300 години!

Австралиските научници го открија најстарото уметничко дело врежано во карпа – слика на кенгур стара 17.300 години.

Двометарското уметничко дело е обоено во црвена боја. Пронајден е во регионот Кимберли во западна Австралија, познат по своите абориџински слики на карпите.

Пронајдокот е објавен денес во списанието „Nature Human Behaviour“. Научниците наведуваат дека се претпоставува дека ова е најстарото недопрено уметничко дело во Австралија.

На почетокот на оваа година, истражувачите ја пронајдоа најстарата пештерска слика во светот, свиња со природна големина стара 45.000 години, на островот Сулавеси во Индонезија.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote