Цела Аргентина е во шок по смртта на Марадона!
Нетрпеливоста на навивачите на Ривер Плата и Бока Јуниорс е ненадмината и толку озлогласена што дуелите на овие два клуба се сметаат за најжестоки, а нивното ривалство најголемо во светот на фудбалот.
Сепак, тажната вест за смртта на Диего Армандо Марадона успеа да ги обедини и нив. Не е тајна дека Ел Пибе уживаше статус на божество меѓу навивачите на клубот од „Бомбоњере“, но навивачите на Ривера исто така многу го почитуваа. Барем постарите.
Доказ за тоа е сликата на двајца постари навивачи во прегратка – едниот во дресот на Бока, а другиот во црвено-белиот дрес на „Милионерите“. Приврзаник на клубот од Монументал се обидува да го утеши приврзаникот на најголемиот ривал, додека обајцата жалат за смртта на аргентинската фудбалска легенда.
Нема сомнение дека оваа фотографија брзо ќе го обиколи светот, но цела Аргентина ќе остане неутешна долго време.
Коментари
Loading…