in

Смртноста од ковид во Италија намалена за високи 95% по примањето на првата доза!

Во Италија забележани високи намалувања на смртноста предизвикана од заразата со коронавирусот, соопштија властите во државата.

Имено само месец дена по примањето на првата вакцина против ковид, инфекциите со коронавирусот се намалени за 80%, хоспитализацијата на заболените за 90% а смртноста предизвикана од болеста за високи 95%, пренесуваат локалните медиуми.

Ова е прво истражување од ваков вид на земја која е дел од ЕУ. Него го направи агенцијата Анса користејќи податоци од почетокот на вакцинацијата во државата па се до 3 мај. Во студијата биле клучени над 13 милиони луѓе.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote