Велосипедистите кои јаделе круши пред, за време и после тренинг, возеле и се опоравувале побрзо од оние кои пиеле само вода – според истражувањето на лабораторијата за човечки перформанси на Државниот универзитет во Северна Каролина.
„Комбинацијата на здрави јаглехидрати и мешавина од полифеноли од круши го забрзува процесот на закрепнување на мускулите“, објаснува авторот на студијата Дејвид Ц.Ниман. Витаминот Ц од круши и други плодови, исто така може да го зајакне вашиот имунолошки систем.
За силни мускули и имунитет, ви предлагаме да подготвите смути од круша со арома на ванила.
Потребни состојки:
2 големи круши, исечени на половина
1 лажица оцет
1 чаша незасладено млеко од бадем
1/2 чаша јогурт со мал процент на маснотии
3 лажици семе од анасон
малку цимет
ѓумбир во прав
1 лажица јаворов сируп (или мед)
кора од портокал
1 чаша коцки мраз
1. Загрејте ја рерната на 200 ° C. Ставете го на плех за печење, измешајте ги крушите со оцет и наредете ги. Печете ги 30 минути, извадете ги од рерна и оставете ги крушите да се оладат.
2. Ставете печени круши, бадемово млеко, цимет, анасон, ѓумбир, кора од портокал во блендер и мешајте додека смесата не стане хомогена. Додадете мраз и повторно измешајте. Поделете ја смесата во 3 чаши.
Нутритивна вредност по порција:
200 калории,
6 гр. маснотии (1 гр заситен),
28 гр. јаглехидрати,
7 гр. протеини,
6 гр. влакна,
75 мг натриум
Коментари
Loading…