in ,

СлаткоСлатко

Колумбиската актерка Софија Вергара, ги изненади своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, со новата необична боја на коса

Софија објави фотографија на која позира со сина коса, а во својот опис актерката открила дека била инспирирана од Карол Г која е позната по својата темносина коса.

„Дефинитивно твоја боја на коса“, „Прекрасна промена“, коментирале следбениците, но некои од нив забележале и дека актерката никако не старее.

„Едноставно не гледам разлика меѓу твоите стари фотографии и оваа којашто ја објави денеска“, „Ти си како вино“, „Дали е возможно да не старееш“.

Најплатената актерка на светот често споделува фотографии кои настанале пред 30-на години додека работела како модел, а многу од луѓето се согласни дека актерката низ годините речиси нималку не се променила во изгледот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote