in ,

Сок од калинка, портокал и ѓумбир

Период на настинки и вируси, а треба да го заштитиме нашето здравје – Ви приготвивме предлог за брз утрински напиток, кој бара само неколку минути за подготовка.

Состојки:

  • 500 мл вода
  • 1-2 см свеж ѓумбир (ситно изрендан)
  • 1/2 лимон (свежо исцеден сок)
  • 2 портокали (свежо исцеден сок)
  • 1 средна калинка (исцеден сок)
  • засладувач по ваш избор (мед, кафеав шеќер)

Подготовка:

Ставете вода во тенџере да зоврие и потоа додадете свежо изрендан ѓумбир, оставете го на оган уште две минути и потоа тргнете го на страна ,покријте со капак (оставете десетина минути да отстои).

Исцедете ја течноста со вода и ѓумбир во бокал (оставете да се излади целосно).

Исцедете ги портокалите и лимоните и додадете го добиениот сок во бокалот.

Исцедете ја калинката со помош на цедилка , потоа исцедете ја низ сито и додадете го добиениот сок во бокал (или исцедете ги бобинките од калинка со помош на соковник)

Се мешаат сите состојки во бокалот со додаток на засладувач по желба, меѓутоа и без да засладите, вкусот е убав и освежувачки.

На здравје 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote