in

ШОКАНТНО: Ги убил своите две сестри бидејќи сакал да направи договор со ѓаволот!

Тинејџер од Лондон беше осуден за шокантното убиство на своите две сестри.

Данијал Хусеин, 19, ги убил сестрите Биба Хенри, 46, и Никол Смалман,27, во паркот во населбата Вембли на 6 јуни минатата година. Нивните тела биле пронајдени скриени во грмушките на паркот и имале убодни рани предизвикани од нож.

Според локалните медиуми, Данијал сакал да направи договор со ѓаволот со цел да добие на лотарија, и за тоа ги „жртвувал“ своите две сестри. Тој направил пакт со ѓаволот и требало да жртвува барем шест луѓе на секои шест месеци. Тој сега беше осуден од судот на Англија и ќе го помине остатокот на животот во затвор.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote