in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

СОЛЕНИ МАФИНИ ЗА ЧИСТА ДЕСЕТКА – ЕДНОСТАВНИ И ВКУСНИ: Два вида пецива со сирење и шунка, готови додека да трепнете!

Мафините најчесто се прават во слатка варијанта, со овошје, крем од ванила или чоколадо, но исто така се одлична опција доколку сакате солени пецива за појадок. Можете да ги направите со зеленчук, сланина, јајца, а ние ви предлагаме два едноставни рецепти за мафини со сирење и шунка. Вашите домашни ќе ги сакаат!

За да бидат покрцкави на површината, пет минути пред да завршите со печењето, одозгора можете да изрендате сирење – ќе се создаде феноменална златна кора.

 

Мафини со сирење

Состојки:

  • 250 гр сирење
    2 чешниња лук
    магдонос по вкус
    400 гр брашно
    2 јајца
    1 чаша млеко
    50 гр путер
    1 лажичка шеќер
    ½ лажичка сол
    прашок за пециво

Подготовка:

Шеќерот, солта, прашокот за печиво измешајте ги во брашното, па додадете ги јајцата, млекото, стопениот путер и сè измешајте. Сирењето изрендајте го на крупно ренде, па додајте го во тестото (оставете дел настрана за посипување). Додадете сецкани билки и лук во смесата. Истурете го тестото во калапи и печете 25 минути во загреана рерна на 180-200 степени Целзиусови. Пет минути пред крајот на печењето посипете ги со рендано сирење и печете.

 

Мафини со сирење и шунка

Состојки:

  • 100 гр шунка
    100 гр тврдо сирење
    150 мл млеко
    100 гр путер
    3 јајца
    300 гр брашно
    2 лажички прашок за пециво
    сол
    бибер

Подготовка:

Шунката и кашкавалот исечкајте ги на ситни коцки, изматете ги јајцата со сол и бибер, додадете млеко, измешајте, па додајте омекнат путер, шунка, кашкавал. Сè добро измешајте. Истурете го тестото во калапи, па ставете во рерна загреана на 180-200 степени Целзиусови и печете околу 30 минути.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote