in

Сон останува во Тотенхем! Потпиша нов четиригодишен договор!

Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин потпиша нов четиригодишен договор со кои ќе остане во клубот до 2025 година.

Сон, 29, постигна 107 погодоци во 280 настапи за клубот откако се приклучи на Тотенхем од Бајер Леверкузен во 2015 година. Тој има забележано и 93 настапи за неговата држава, Јужна Кореја постигнувајќи 27 погодоци.

„Не ни размислував за оваа одлука, беше лесен избор за мене. Многу сум среќен што сум овде и едвај чекам да ги видам навивачите на трибините. Голема е честа што го носев белиот дрес 6 години. Клубот ми покажа голем респект и многу сум среќен што сум овде“ изјави Кореецот после потпишувањето на договорот.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote