in ,

Што?Што?

Заборавете на СКАПАТА хемија: Паркетот ќе биде БЛЕСКАВО ЧИСТ како никогаш досега со помош на овие состојки од КУЈНА

Секоја жена која има паркет во својот дом знае колку е тешко и често болно нивното одржување. Најтешко е да се одржи нивниот сјај, па многу луѓе се одлучуваат за скапа хемија која често не го носи посакуваниот ефект.

Многумина не го очекуваа, но решението за одржување на совршените паркети е токму во вашата кујна.

Состојки:

Една чаша оцет,
дванаесет капки есенцијално масло по ваш избор.

Измешајте една шолја оцет со дванаесет капки етерично масло по избор (лаванда, лимон, портокал, роза…) и исчистете го паркетот. Собата ќе мириса на свежо и чисто, а оваа комбинација ќе ја дезинфицира површината.

Доколку сакате да го вратите сјајот на паркетот, тогаш измешајте половина шолја сок од лимон, лажица маслиново масло и до 3 литри топла вода.

Ако имате темен паркет во вашиот дом, тогаш најдобро решение е да измешате четвртина шолја изладен црн чај со лажичка оцет и една полна лажица детергент за миење садови во вода.

На овој начин ќе ја зачувате темната боја и ќе спречите нејзино избледување.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote