in

Совети како да се грижите и да ги заштитите собните цвеќињата во текот на зимата

За да се негуваат собните растенија и за да се одржат здрави, еластични и да напредуваат во текот на следната сезона треба да се применуваат следните совети.

1.Намалете го наводнувањето

Цветните растенија во есен ја намалуваат потрошувачката на вода до минимум. Затоа, препорачливо е постојано да се следи нивото на влажност и да се прилагоди количината на вода според нивните потреби. Со заладувањето (падот на температурата) тие автоматски ја намалуваат потрошувачката на вода затоа што сите физиолошки процеси се успорени. Затоа се појавуваат ризици од прекумерно наводнување и можност за гниење на коренот. Не се препорачува пресадување  на растенијата во оваа сезона. Најдобро е тоа да се направи во пролет.

Бидете внимателни со прихраната

Во есен, потрошувачката на хранливи материи исто така се намалува, затоа уште во октомври  се престанува со прихраната. Преголемото додавање на било кој вид хранливи материи може да предизвика солта да се акумулира во подлогата, што може да доведе до фитотоксичност. Степенот и брзината на потрошувачката на корисни елементи зависи од температурата на воздухот. Кога таа паѓа,  се создаваат услови за мирувње со минимален или никаков раст. Неискористените хранливи материи се акумулираат во субстратот. Исклучок се растенијата како што се:, Азалеа (Azalea), Циклама ((Cuclamen) и Euphorbia), кои цветаат од доцна есен  па се до зимата. Затоа, тие треба да се прихрануваат.

Отстранете ги исушените делови

Кај собните растенија, од тековните активности, продолжува отстранувањето на исушените или оштетени цветови. Посебно  чувствителна е Божиќната ѕвезда( poinzecija), пред се во кратките  денови. Затоа, не е доволно само да ја прихрануваме  и полеваме, туку треба да се внимава  да добива доволно  дневна светлина.

Кај  лисните – украсни растенија, продолжува отстранувањето на оштетените и мртви лисја. Се препорачува повеќе да не се наводнуваат и прскањето значително да се намали. Во периодот пред почетокот на загревањето на просториите во станот, на растенијата може да им се наштети не само од зголемената влажност на воздухот, туку и од капките што остануваат на лисјата.

Како да се ослободите од мушичките

 Мушичките (Sciaride, Foridae, Bradizia sp.) исто така може да бидат голем проблем. Овие ситни инсекти ги оставаат своите јајца на површината на супстратот и  подоцна живеат  од изумрениот и  распаднат материјал како на пр. тресетот, мртви лисја и корења. Затоа, не се работи   само за непријатното чувство кога овие инсекти влегуваат во нашето лице, туку и фактот дека ларвите се хранат со ткивото на коренот. Веројатноста за нивна појава е поголема доколку се зголеми влажноста на подлогата, односно ако претерано се наводнува.

Кактуси

По правило, кактусите не бараат многу вода, но во текот на зимскиот период, чувајте ги во просторија каде што има најмногу дневна светлина. Ако сакате кактусите да ви цветаат во текот на пролетта, не ги полевајте со вода, освен ако просторот ви е премногу топол. Ова правило не се однесува на Божиќниот кактус, кој во текот на зимата влегува во цветен период .

Пресадување на собни цвеќиња

Цвеќињата сега се во мирување, па затоа не се препорачува пресадување. Меѓутоа, ако сакате да пресадите цвеќе во поголем сад, не заборавајте да ја смените со нова почва, но и поголема саксија од претходната.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote