in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

КОРИСНИ СОВЕТИ ОД ИСКУСНИ ГОТВАЧИ: Со овие трикови, дури и поевтините парчиња месо ќе бидат меки како путер

Овие кујнски трикови ги користат големите мајстори на кујната за да го омекнат месото и да го направат вкусно.

Поевтините парчиња црвено месо обично се многу тешки, па затоа треба да ги подготвите со многу внимание и трпение за да добиете мек и сочен специјалитет.

Еве што треба да направите!

1. Маринирајте го месото

Ако сакате месото да биде меко и сочно, а во исто време да го добие целиот вкус, ставете го во маринадата неколку часа или преку ноќ. Не само што ќе го подобрите вкусот на месото, туку и ќе го омекнете. За да го омекнеме месото со маринадата, важно е да содржи некој извор на киселина како оцет, сок од лимон или јогурт, но и многу сол.

2. Месото се толчи со чекан за месо

Дали имате чекан за месо во вашата кујна? Не само што ќе ви помогне да го истенчите парчето месо и поради тоа термички ќе биде обработено рамномерно, туку и ќе ги омекнете вените во текот на толчањето.

3. Исечете го месото правилно

Месарите многу добро знаат дека мекоста, изгледот и вкусот на печеното месо зависи и од начинот на сечење пред да го стават во тавче или на скара. Внимателно испитајте сирово парче месо и дознајте во која насока се движат мускулните влакна во него. Сечете со нож во правец на влакната. На овој начин ќе ги скратите, а месото ќе стане полесно за џвакање.

4. Месото варете го долго на ниска температура

Доколку сакате да направите вкусен гулаш од тврди парчиња говедско рамо или бут, важно е месото термички да се обработува на ниска температура со часови. Чорбите традиционално се готват два до три часа на ниска температура, а во тој процес колагенот во мускулното ткиво на месото се разградува и цврстите парчиња стануваат меки како путер.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote