Банани, бисквити и слатка павлака се добитна комбинација кога сакате умерено сладок десерт чија подготовка не бара премногу напор. Десертот со банани во чаша е крем и полн со вкус, а исто така е убав за око, па можете да го подготвите наместо традиционалните празнични колачи.
Потребни состојки:
За фил:
- 1 лажица желатин
- 2 јајца
- 10 жолчки
- 1/2 чаша шеќер во прав (ако бананите се зрели, може да ја намалите количината на шеќер)
- 2 чаши слатка павлака
- ванилин шеќер
- малку сол
- 2 банани
- 1/2 лажица сок од лимон
Парфе: - 1 слатка павлака
- 2 лажици шеќер
- 2 зрели банани исечени
- 2 лажици грчки јогурт
- 1/2 лажици сок од лимон
- 200 гр мелени бисквити
Начин на подготовка:
Фил:
- Истурете една четвртина чаша вода во плитк сад, додадете желатин и почекајте 10 минути.
- Во сад измешајте ги јајцата, жолчките и половина од шеќерот.
- Потоа измешајте ја слатката павлака, ванилата, преостанатиот шеќер и малку сол во подлабока тава. Гответе на средна топлина помеѓу пет и седум минути, додека масата не се згусне. Постепено додавајте ги во смесата од јајца.
- Потоа вратете ја иедначената смеса назад во тенџерето и варете ја десет минути со постојано мешање. Тргнете го од оган и додадете желатин, пире од банани и сок од лимон.
- Чувајте го во фрижидер најмалку 3 часа.
Парфе:
За да го направите парфето, изматете ги слатката павлака и шеќерот. Во друг сад измешајте ги парчињата банана, грчки јогурт и сок од лимон, а потоа лесно промешајте со слатка павлака.
На дното на стаклениот сад , ставете ред фил, потоа мелени бисквити, потоа парфе и повторете ја постапката уште еднаш.
Остатокот од бананите искористете го за украсување, а горниот дел посипете го со мелени бисквити.
Коментари
Loading…