in

Совршено кремаст и лесен – Десерт со банани и слатка павлака

Sweet Homemade Banana Pudding with Vanilla Wafers

Банани, бисквити и слатка павлака се добитна комбинација кога сакате умерено сладок десерт чија подготовка не бара премногу напор. Десертот со банани во чаша е крем и полн со вкус, а исто така е убав за око, па можете да го подготвите наместо традиционалните празнични колачи.

Потребни состојки:

За фил:

  • 1 лажица желатин
  • 2 јајца
  • 10 жолчки
  • 1/2 чаша шеќер во прав (ако бананите се зрели, може да ја намалите количината на шеќер)
  • 2 чаши слатка павлака
  • ванилин шеќер
  • малку сол
  • 2 банани
  • 1/2 лажица сок од лимон
    Парфе:
  • 1 слатка павлака
  • 2 лажици шеќер
  • 2 зрели банани исечени
  • 2 лажици грчки јогурт
  • 1/2 лажици сок од лимон
  • 200 гр мелени бисквити

Начин на подготовка:

Фил:

  1. Истурете една четвртина чаша вода во плитк сад, додадете желатин и почекајте 10 минути.
  2. Во сад измешајте ги јајцата, жолчките и половина од шеќерот.
  3. Потоа измешајте ја слатката павлака, ванилата, преостанатиот шеќер и малку сол во подлабока тава. Гответе на средна топлина помеѓу пет и седум минути, додека масата не се згусне. Постепено додавајте ги во смесата од јајца.
  4. Потоа вратете ја иедначената смеса назад во тенџерето и варете ја десет минути со постојано мешање. Тргнете го од оган и додадете желатин, пире од банани и сок од лимон.
  5. Чувајте го во фрижидер најмалку 3 часа.

Парфе:

За да го направите парфето, изматете ги слатката павлака и шеќерот. Во друг сад измешајте ги парчињата банана, грчки јогурт и сок од лимон, а потоа лесно промешајте со слатка павлака.

На дното на стаклениот сад , ставете ред фил, потоа мелени бисквити, потоа парфе и повторете ја постапката уште еднаш.
Остатокот од бананите искористете го за украсување, а горниот дел посипете го со мелени бисквити.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote