in ,

Што?Што?

Американската компанија SpaceX на кратко ја состави најголемата ракета досега

Американската компанија „SpaceX“ ја состави досега најголемата ракета, пренесува Би Би Си Двата ракетни сегменти – горниот sвезден брод и долниот погон „Super Heavy“ се поврзани во фабриката на „SpaceX“ во Бока Чика, Тексас.

Поради висината од околу 120 метри, сите претходни ракетни системи изгледаат џуџести во однос на неа.

 

„SpaceX“ има уште неколку недели, или месеци на тестирање, пред првиот лет, веројатно до крајот на 2021 година. Извршниот директор Илон Маск го нарече спојувањето на ракетата „сон што стана јаве“.

Тој вели дека „Starship“, откако ќе заврши, ќе биде многу способен да ги одведе луѓето на Месечината и Марс. Исто така, може брзо да превезува луѓе низ целиот свет, а друга очигледна цел е поставување сателити во орбитата.

Во моментов најмоќната ракета во употреба е „Falcon Heavy“, исто така развиена од „SpaceX“. „Falcon Heavy“ произведува удар од 23 мегавати при лансирањето, а новата ракета „Super Heavy“ треба да достигне моќност од околу 70 мегавати.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote