Спанаќот е полн со витамини и минерали, а е најпознат по својата висока содржина на железо, поради што често е присутен во разни диети – но само ако го приготвите правилно.
Само затоа што вашата мајка готвела спанаќ кога сте биле дете, не значи дека треба да го подготвувате и да го јадете на ист начин. Не само што ова е еден од најчестите начини за јадење на овој зеленчук, туку спанаќот губи многу хранлива вредност кога се готви.
Голем дел од витамините и минералите се губат за време на готвењето и остануваат во водата во која се готвени, така што нема да добиете доволно витамин Ц и фолна киселина како да сте јаделе сурова салата од спанаќ.
Суровиот спанаќ не се смета за најдобар извор на калциум бидејќи содржи и оксална киселина, која спречува апсорпција на калциум. Со други зборови: ќе добиете витамин Ц и фолна киселина од спанаќот, но не и калциум.
За среќа, постои начин да се јаде зеленчук, така што ќе го задоволи вашиот вкус и ќе ги внесете сите хранливи материи. Наместо да го готвите спанаќот, најдобро е готвење на пареа или во микробранова печка. И, постои уште едно правило: многу е лошо да се чува во фрижидер, но и да се загрева.
- Внимавајте овој зеленчук да не се загрева, бидејќи содржи нитрати кои, поради дејството на микроорганизмите и греењето, се претвораат во нитрити и понатаму во нитрозамини, кои се многу штетни и канцерогени за човечкото тело.
Коментари
Loading…