in

Спанаќот ако не го приготвите правилоно, може да ги изгуби сите витамини, но и да биде токсичен!

Спанаќот е полн со витамини и минерали, а е најпознат по својата висока содржина на железо, поради што често е присутен во разни диети – но само ако го приготвите правилно.

Само затоа што вашата мајка готвела спанаќ кога сте биле дете, не значи дека треба да го подготвувате и да го јадете на ист начин. Не само што ова е еден од најчестите начини за јадење на овој зеленчук, туку спанаќот губи многу хранлива вредност кога се готви.

Голем дел од витамините и минералите се губат за време на готвењето и остануваат во водата во која се готвени, така што нема да добиете доволно витамин Ц и фолна киселина како да сте јаделе сурова салата од спанаќ.

Суровиот спанаќ не се смета за најдобар извор на калциум бидејќи содржи и оксална киселина, која спречува апсорпција на калциум. Со други зборови: ќе добиете витамин Ц и фолна киселина од спанаќот, но не и калциум.

За среќа, постои начин да се јаде зеленчук, така што ќе го задоволи вашиот вкус и ќе ги внесете сите хранливи материи. Наместо да го готвите спанаќот, најдобро е готвење на пареа или во микробранова печка. И, постои уште едно правило: многу е лошо да се чува во фрижидер, но и да се загрева.

  • Внимавајте овој зеленчук да не се загрева, бидејќи содржи нитрати кои, поради дејството на микроорганизмите и греењето, се претвораат во нитрити и понатаму во нитрозамини, кои се многу штетни и канцерогени за човечкото тело.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote