in

Шпанската репрезентација доби вакцини само три дена пред нивниот натпревар со Шведска!

Сите шпански репрезентативци добија вакцина за Ковид-19 само три дена пред натпреварот со Шведска.

Подготовките на турнирот на Шпанците беа загрозени откако капитенот Сергио Бускетс се тестираше позитивен на коронавирусот, а веќе следните неколку дена и Диего Љоренте доби позитивен тест.

Беше донесена одлука за вакцинирање на целата екипа и сите се вакцинираа вчера, само три дена пред нивниот прв натпревар. „Целта на оваа вакцинација е да и се помогне на репрезентацијата да се натпреварува на Еуро 2020 знаејќи дека се целосно заштитени“ стоеше во соопштението на шпанската федерација.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote