in

Пратеник спаси бебе за време на авионски лет!

Турскиот парламентарец Реџеп Шекер спаси бебе во петокот, кое не можеше да дише и чие срце запре во еден момент за време на летот од Киргистан кон Турција.

Турскиот парламентарец Реџеп Шекер спаси бебе во петокот кое не можеше да дише и чие срце запре во еден момент за време на летот од Киргистан кон Турција.

Пратеникот од турската владејачка Партија на правдата и развојот (АК партија) за новинарите изјави дека кога станало јасно дека едномесечното бебе има проблеми, стјуардесите побараа негова помош, знаејќи дека тој е лекар.

„Бебето навистина ја смени бојата, не дишеше, срцето веќе беше запрено“, рече Шекер.

Откако Шекер успеа да му го помрдне јазикот на детето, што му ја блокираше душникот, тој направи масажа на срцето и со тоа го спаси момчето.

„Семејството на бебето не зборуваше турски или англиски“, рече турскиот парламентарец.

Откако авионот итно слетал во главниот град на Турција, Анкара, бебето било пренесено во болница за понатамошно испитување.

Авионот на Туркиш ерлајнс, во кој се одвивала вистинска драма, која завршила среќно, летал на релација од Бишкек до Истанбул.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote