in

Спиењето без перница има свои предности

Знаеме дека првите перници потекнуваат од Месопотамија. Биле направени од камен, а само богатите луѓе можеле да си ги дозволат.

За разлика од античките камени перници, оние што ги користиме денес се меки, а многумина не можат да заспијат без една таква перница под глава.

Но, спиењето со перница можеби и не е најдобриот начин за опуштање, бидејќи може да влијае на вашето тело и расположение.

Многумина се согласуваат дека спиењето без перница има бројни придобивки, пишува Bright Side.

Ја намалува болката во грбот

При спиење многу перници можат да доведат до непријатна положба, а поддршката што ја даваат и не траетолку долго. Иако самата перница нема да ви наштети на грбот, но може да ја влоши болката.

Меѓутоа, кога спиете без перница, ‘рбетот може да мирува, а телото е во природна положба.

Помага при болка во вратот

Повеќето перници не можат да ви помогнат да спиете во правилна позиција, напротив, тие дури можат да ја влошат ситуацијата.

Продолженото виткање на вратот, на кој било начин ќе предизвика непријатно чувство, а премногу тврдите или премногу меките перници може да доведат до болка во вратот.

Може да го ослободи стресот

Колку повеќе нарушувања имате при спиење, толку помалку време има вашето тело за вршење на важните функции при спиење. Постојан недостаток на сон може да влијае на вашето расположение и концентрација, а вашето тело ќе лачи повеќе хормони на стрес во текот на денот.

Помога при главоболки

Ако се разбудите со главоболка, тоа може да е до перницата. Премногу високите перници предизвикуваат напнатост во мускулите на вратот, па затоа не треба да ве изненадуваат честите утрински главоболки.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote