in ,

УбавоУбаво Што?Што?

Спиењето без перница има свои предности! ВИДЕТЕ КОИ!

Првите перници за кои знаеме доаѓаат од Месопотамија. Тие биле направени од камен, а само богатите луѓе можеле да си ги дозволат.

За разлика од античките камени перници, оние што ги користиме денес се меки, и многумина веќе не можат да заспијат без една таква перница под главата.

Но, спиењето со перница можеби не е најдобриот начин за опуштање бидејќи може да влијае на вашето тело и расположение.

Многумина се согласуваат дека спиењето без перница има бројни придобивки.

Ја намалува болката во грбот!

Многу перници можат да доведат до неприродна положба на спиење, а поддршката што ја даваат не трае долго. Иако самата перница нема да ви наштети на грбот, може да ја влоши болката.

Меѓутоа, кога спиете без перница, ‘рбетот може да мирува, а телото е во природна положба.

Помага при болка во вратот!

Повеќето перници не можат да ви помогнат да спиете во правилна позиција, напротив, тие дури можат да ја влошат ситуацијата.

Продолженото виткање на вратот на кој било начин ќе предизвика непријатно чувство, а премногу тврдите или премногу меките перници може да доведат до силна болка во вратот.

Може да го ослободи стресот!

Колку повеќе нарушувања на спиењето имате, толку помалку време вашето тело има за многу важни функции што се случуваат за време на спиењето. Постојан недостаток на сон може да влијае на вашето расположение и концентрација, а вашето тело ќе лачи повеќе хормони на стрес во текот на денот.

Помага при главоболки!

Ако се разбудите со главоболка, можеби ви е виновна перницата. Премногу високите перници предизвикуваат напнатост во мускулите на вратот, па затоа не треба да ве изненадуваат честите утрински главоболки.

 

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote