in ,

СлаткоСлатко

Споредувањето со другите може да има и свои предности!

Многу луѓе веруваат дека споредувањето со другите е штетно. Сепак, ова треба да се гледа и од друга перспектива.

Неверојатно е како споредувањето на себе си со другите може да ви помогне да ја пронајдете сопствената индивидуалност, па дури и да ја зголемите вашата самодоверба.

 

Ве мотивира да постигнете повеќе

Споредувајќи се со другите, добивате инспирација од други луѓе, а тоа ви помага да растете и да се развивате. Може да бидете мотивирани од туѓа продуктивност или упорност. Ако се споредувате со такви луѓе, веројатно ќе се обидете да го земете најдоброто од нив.

 

Тоа ви помага да се справите со жалење

Студија спроведена од Универзитетот Конкордија откри дека споредувањето на работите за кои жалиме со оние за кои другите жалат може да предизвика позитивни емоции.

Во експериментот учествувале 104 луѓе од различна возраст. Од нив било побарано да ја споделат она за што најмногу жалат. Оние кои сметаа дека туѓите работи за кои жалат се полоши од нивните, покажаа зголемување на позитивните емоции.

Ова е таканаречената социјална споредба. Идејата е да се чувствувате подобро затоа што на некој му е полошо од вас. Ја зголемува нашата самодоверба, поттикнува позитивни емоции и ја ублажува вознемиреноста.

 

Помага при справување со сопствените маани

Споредувањето на вашите проблеми со проблемите на другите луѓе кои веќе поминале низ истата работа може да биде утешно и мотивирачко. Исто така, по детална анализа и споредба на постапките на другите луѓе, помала е веројатноста да направите грешка.

Тоа ви помага да ги поправите сопствените недостатоци

Според Bright Side, можно е да се зголеми самодовербата со тоа што ќе се споредувате со другите. На пример, ако сте многу срамежливи, можете да станете повеќе дружеубиви споредувајќи се себе си и имитирајќи друга личност. Имајте на ум дека токму така еволуирале луѓето – со споредба и имитација.

Исто така е полесно да го поправите вашето лошо однесување кога ќе видите дека некој се однесува исто лошо. Таков пример веднаш ќе ви остане врежан во меморијата и веројатно никогаш повеќе нема да се однесувате така.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote