in

Што?Што?

Полициски службеник предизвика директен судир за да запре возило кое возеше брзо во недозволена-спротивна насока! [ВИДЕО]

Полициски службеник од Орегон запрел возило кое се движело со голема брзина на автопатот во спротивна насока, а тоа го сторил со намерно предизвикување директен судир.

Ризикувајќи го својот живот, тој успеа да ги спаси животите на оние кои веројатно ќе бидат погодени од автомобил од спротивна насока.

Полицијата во Орегон доби извештаи од очевидци дека возило се движело во спротивна насока по автопатот. Сребрената лимузина забрзано се движеше долж автопатот, а неколку минути подоцна, полицаецот Ендру Меклеј ја започна акцијата, која заврши со исклучително ризичен маневар.

Тој се движел кон автомобилот од спротивна насока, сребрена Toyota Camry, и се обидел да го блокира неговиот премин и на крајот успеал да го удри со помала површина, со што го запрел автомобилот релативно безбедно.

Возачот на „Тојотата“ веднаш бил уапсен и хоспитализиран, а против него биле покренати повеќе обвиненија.

Полицаецот бил пренесен во болница и по прегледот со полесни повреди бил пуштен на слобода.

Целиот настан е снимен од камера од блискиот автомобил.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote