Последниот земјотрес во Измир ни ја долови моќта на природата! Во прилог имаме листа која треба да ја погледнеме!
Пред да излезете од вашиот дом исклучете ги боците, струјата!
Следно нешто е спремањето на чантата во случај на земјотрес!
Што треба да имаме во чантата?
- ВОДА! Во количини колку што можеме да носиме!
2. Јадења кои не се расипуваат бргу! Конзерви, паштети, бисквити, кракери!
3. Несесер за прва помош! Овие несесери ги знаеме од автомобилите. Во нив се наоѓаат завоји, ханзапласи, ножици, безопасни игли, памук и многу други акцесоари за помош во случај на повреда!
4. Радио на батерии и многу резервни батерии! – Во случај на голем земјотрес, се случува операторите да не работат. Во таков случај радијата играат голема улога!
5. Рачна светилка!
6. Покривки, ќебиња!
7. Пари во готово! – за време на голем земјотрес се случуваат хаварии од кои снемува електричната енергија! Парите во готовина може многу да ни помогнат!
8. Ќибрит и запалка!
9. Свирче! – овој мал предмет во случај на голем земјотрес може да ни го спаси животот така што ако сме под рушевина ќе ни помогне да го обелодениме нашето место на спасувачките екипи!
10. Резервни клучеви од дома! Важни документи, лични карти пасоши!
11. Хигиенски средства!
12. Важни телефонски броеви!
13. Лекови! – за луѓето со хронични болести!
14. Храна, пелени, облека за бебиња!
15. По малку облека за сите годишни времинња!
Коментари
Loading…