in

Тотенхем ќе игра финале во Лига Купот на Англија!

Вчера вечер во првото полуфинале на Лига купот играчите на Тотенхем со 2:0 беа подобри од Брентфорд.

Стрелци на головите во денешната победа беа Муса Сисоко во 12-та и Сон Хјунг-Мин во 70-та минута од мечот во Лондон.

Кај гостите во самиот финиш од дуелот црвен картон доби Дасилва и мораше предвреме да го напушти теренот.

Противник на составот предводен од Жозе Мурињо ќе биде победникот од втората полуфинална средба која е закажана за в среда (20.45 часот) помеѓу Манчестер јунајтед и Манчестер сити.

Интересен е податокот што Мурињо и со трет клуб стигна до финалето во ова англиско натпреварување, претходно тоа му успеа со Челси и Манчестер јунајтед.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote