in

Што?Што?

Ако се верува на статистиката, Французите го освојуваат и Европското Првентство!

Пред почетокот на Европското првенство во фудбал, научниците и статистичарите истражуваа и тврдеа дека Франција ќе биде најверојатен европски шампион.

Станува збор за заедничко истражување на научници од универзитетите во Дортмунд, Минхен, Инсбрук, Гент и Молде и тие наведуваат дека Французите имаат 14,8 проценти шанси.

Французите по таа статистичка скала ги следат Англичаните со 13,5 проценти, Шпанците со 12,3 проценти, додека четвртото место го делат Португалците и Германците со 10,1 процент.

Статистичарите комбинираа различни модели во своето истражување.

На пример, силата на одделните тимови се пресметуваше со повеќе параметри, како што се пазарната вредност на фудбалерите, бројот на играчи кои играле во Лигата на шампионите, бројот на настапи во лигата, како и економските и социјалните параметри на секоја земја (население, бруто домашен производ, итн).

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote