Бившиот тимски шеф на Ferrari, Stefano Domenicali е назначен за нов извршен директор на Формула 1. 55 годишниот италијанец, моментално извршен директор на Lamborghini, ќе започне со работа во F1 од Јануари. Domenicali беше тимски шеф на Ferrari од 2008 до 2014.
Chase Carey, сегашниот шеф на F1, ќе остане во повисоките функции, но нема повеќе да биде извршен директор. „Chase направи одлична работа во F1. Тој е многу заслужен за Конкорд договорот помеѓу екипите како и многу други работи. Тој го промени спортот во позитивна смисла“ изјави претседателот на F1, Greg Maffei.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…