in

Стеф Кари е во ЖИВОТНА ФОРМА! Ја продолжи неговата неверојатна поентерска низа во победата против Филаделфија!

Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, го опиша Стеф Кари како „уживанција за гледање додека игра“ откако тој ја продолжи својата неверојатна поентерска форма.

Кари постигна високи 49 поени во победата на Вориорс против Филаделфија со резултат 107-96. Ова беше негов 11ти натпревар во низа со постигнати 30 или повеќе поени! Кари успеа да постигне и 10 тројки, а ова е негов четврти од последните 5 натпревари во кои постигнува по 10 тројки.

Кари е апсолутен рекордер во натпревари со по 10 тројки. Такви ги има 21 во неговата кариера, а втор на таа листа е неговиот соиграч, Клеј Томпсон со 5 такви натпревари.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote