Петнаесет години, четири книги и пет филмови добија фановите на франшизата Twilight, но сега тие можат да очекуваат нова содржина од нивните омилени книги. По објавувањето на Midnight Sun ова лето, од кое се продадоа 1 милион копии во САД, Стефани Мејер им вети на фановите дека нови книги на Twilight наскоро доаѓаат.
„Мислам дека постојат уште 2 книги што сакам да ги напишам во универзумот на Twilight. Имам нешто напишано, но сеуште ја немам формирано целосната слика како тие ќе изгледаат. Не сум сеуште спремна да ги напишам тие 2 книги, но во брзо време ќе се посветам на нив“ изјави авторката Мејер.