in

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Што јадат најдолговечните луѓе

Најголемиот оброк во денот на луѓето во сините зони е појадокот, а најмалиот е вечерата. Постојат неколку намирници што најдолговечните луѓе ги јадат речиси секој ден, а кога ќе им се пријаде пред ручек или вечера, тие посегнуваат по здрави грицки.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се вообичаена храна во повеќето заедници што припаѓаат на сините зони. Според „Нешeнал џеографик“, адвентистите во Лома Линда, Калифорнија, САД, кои секојдневно јадат јаткасти плодови, имаат подолг животен век, помало ниво на холестерол, помалку воспаленија и понизок крвен притисок од оние што не ги јадат често. Се наведува дека исхраната во сите пет сини зони е претежно растителна, додека месото е само за повремена консумација. Затоа жителите повеќето масти ги добиваат од храна какви што се јаткастите плодови и маслиновото масло.

 

Пченкарен леб

Заедничко за најдолговечните луѓе во светот е тоа што се држат настрана од белиот леб. Наместо тоа, тие јадат леб од цело зрно или кисело тесто.

 

Авокадо

На жителите на Лома Линда освен што религијата им е многу важна, тие најмногу јадат вегетаријанска храна. Авокадото е нивната главна храна. Во еден научен напис за сините зони, пишува дека авокадото е корисно за намалување на холестеролот и содржи 30 отсто повеќе калиум од бананите. Утврдено е и дека авокадото помага во одржување на телесната тежина, го намалува ризикот од дебелина и дијабетес тип 2.

Банани

Освен папаја, жителите на Никоја секојдневно јадат и банани, овошје богато со калиум, витамин Ц и растителни влакна. Консумирањето доволно растителни влакна во текот на денот е клучен дел од здравата исхрана. Растителните влакна може да помогнат да се намали ризикот од дијабетес, да се подобри здравјето на срцето, па дури и да се намали ризикот од некои видови рак.

Наут

Наутот редовно се јаде во должина на целиот Медитеран, особено на островите Икарија и Сардинија. Содржи влакна, протеини и здрави масти, а помага при варење, го намалува ризикот од некои видови рак и помага во намалување на холестеролот.

Црн грав

Црниот грав е дел од секојдневната исхрана во Икарија, Грција, и е откриено дека има ефикасни својства во спречување рак и дијабетес, како и дека е корисен за здравјето на срцето. А жителите на Никоја во Костарика секојдневно јадат црн грав, често со ориз и тортилји од пченка.

Чај

Ако не сте љубител на кафе или сакате да избегнете прекумерно внесување кофеин, чајот може да биде одлична алтернатива. Во Окинава, Јапонија, редовно се пие зелен чај во кој се додаваат јасмин и куркума. Зелениот чај може да помогне да се намали ризикот од одредени видови на рак, да се намали воспалението во телото, да се подобри метаболизмот, па дури и да се подобри здравјето на мозокот со текот на времето. Додека зелениот чај е еден од најздравите избори за чај, сепак и други црни и билни чаеви исто така имаат многу здравствени придобивки.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote