in

СлаткоСлатко

Што откриваат етикетите за овошје – внимавајте на бројките

Најчесто на бананите, но често и на другите парчиња овошје, налепниците на кората се нешто што повеќето луѓе не го ни гледаат, туку инстинктивно го отстрануваат пред јадење. И да ги забележат, ретко кој знае што значат овие декларации.

Сепак, тие не се таму без причина, објаснуваат експертите. Покрај можното име на производителот, декларацијата треба да содржи и број кој открива важни информации за начинот на одгледување на овошјето. Декларациите првенствено се однесуваат на овошје увезено од странство, а ова е значењето на тие бројки:

Налепница со четири броја

Во случајот со ова овошје, кое има декларација со четири броеви кои почнуваат со бројот 3 или 4, тоа значи дека се одгледувало со вештачки ѓубрива, односно според земјоделските правила кои важат во последните 50 години. Таков лимон, на пример, е означен со 4033, додека бананите се нумерирани со 4011.

Налепница со пет броеви

Ако на овошјето нема четири броја, туку пет – од кои првиот број е 9, тоа значи дека плодот е од органско потекло. Таквата декларација е гаранција за одгледување без ѓубрива и пестициди. На пример, органски одгледаните банани го носат бројот 94011.

Првиот број на декларацијата е 8

Ова е можеби најважната декларација и претставува овошје кое е генетски модифицирано, а се препознава по пет бројки, од кои првиот секогаш е ознаката 8. На пример, таквите банани го имаат бројот 84011.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote