in

СмешноСмешно Што?Што?

Единственото нешто што кралицата Елизабета сака да го прави сама во куќата!

Кралицата Елизабета е секогаш опкружена со слуги, но нејзиниот поранешен личен асистент Пол Барел откри и дека сака сама да работи една домашна работа.

Секоја година, кралицата Елизабета и нејзиното семејство одат на имотот Балморал во Шкотска, каде ги поминува своите лета, а потоа честопати бараат сами да ги мијат садовите по оброкот.

“Таа сака да оди на патувања, а ние и подготвуваме храна, но затоа сака самите да ги мие садовите. Облекува гумени ракавици и вешто ги мие, додека асистентката ги брише со сува крпа”, рече Барел.

Тој додаде дека кралицата има специфичен план на исхрана и јаде помали оброци на ден, што е само една од нејзините здрави навики, поради што, како што вели, ќе живее „уште 100 години“.

„Таа дури и не јаде божиќна вечера како повеќето од нас, кои ги исполнуваат нашите чинии“, истакна тој.

Барел започна да работи за кралицата како 18-годишник, а во 1987 година стана личен слуга на принцезата Дајана, со која беше сè до нејзината трагична смрт.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote