in ,

Што?Што? WTFWTF

СТРАШНА СЦЕНА ГИ ИСПЛАШИ ГРАЃАНИТЕ По мрежите се шират апокалиптични сцени(ФОТО/ВИДЕО)

Невообичаена појава во Кина, таканареченото „црвено небо“ ги преплаши луѓето во оваа земја кои тврдат дека тоа е лош знак.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат исплашени граѓани во Кина кои снимиле како небото ја менува бојата. Бидејќи црвеното небо беше најинтензивно во близина на пристаништето, многумина мислеа дека избувнал пожар кој излегол од контрола.

Црвеното небо во кинескиот пристаништен град Жоушан стана една од главните теми на кинеските социјални мрежи, а некои го нарекоа лош знак поради постапките на Кина во врска со пандемијата со ковид-19, со оглед на тоа што во Шангај се појавија нови случаи.

„Ќе се случат незгоди“, или „Почнав да трупам резерви“, се само дел од коментарите на преплашените граѓани на социјалните мрежи, но локалните медиуми објаснуваат дека тоа не е знак за апокалипса, туку резултат на рефлексија на светлината.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote