in

ЗА ВРТОГЛАВА СУМА се продаде еден од првите стрипови за суперхеројот Бетмен

Детективскиот стрип бр.27 кој беше објавен во далечната 1939 година има нешто специјално. Во овој стрип за прв пат се појавува популарниот плејбој милионер Брус Вејн и неговото алтер-его Бетмен. Стрипот ја соджи првата приказна за Бетмен во која суперхеројот ја истражува смртта на произведувачот на хемикалии. Фановите на стриповите го сметаат овој стрип како „светиот грал“.

Овој стрип бил напишан од еден од креаторите на Бетмен, Боб Кејн, додека илустрациите се нацртани од Боб Кејн. Во времето кога излегол, стрипот вредел само 10 центи. Но сега, од стрипот преживеани се само 70 примероци и вредат многу повеќе. Еден од стриповите беше продаден за вртоглави 850 илјади долари, но изненадувачки е фактот дека ова не е најголемата сума која еден ваков стрип се продал. Имено во 2010 година, сумата на продажбата на ваков стрип изнесувала 1,075,500 долари!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote