Луис Суарез го постигна својот 500ти гол во својата кариера откако лидерите во Ла Лигата го победија Алавес со минимално водство. Уругваецот стигна до јубилејната бројка откако центаршутот на Трипие го претвори во гол.
Ова е негов 19ти гол во дресот на Атлетико Мадрид. Тој има 198 погодоци за Барселона, 82 за Ливерпул и 63 за Уругвај. Најзаслужен за вчерашната победа на Атлетико беше голманот Облак, откако одбрани пенал при крајот на натпреварот и му овозможи на својот тим да се најде 4 бода над Барселона.
Коментари
Loading…