in

Судирот помеѓу Хамилтон и Ферстапен доживеа нов пресврт!

Светската автомобилска федерација го прифати барањето на Ред Бул да ја преиспита одлуката за казната на возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, по инцидентот во трката за наградата Велика Британија.

ФИА ќе одржи состанок со екипите на Мерцедес и Ред Бул преку видео конференција, во четврток, во пресрет на тркачкиот викенд за Големата награда на Унгарија.

На последната трка одржана на 18 јули, Хамилтон го закачи возачот Макс Верстапен (Ред Бул) во првиот круг, кој потоа излета од патеката, а трката беше прекината.

Верстапен по тој инцидент заврши во болница, а Хамилтон беше казнет со 10 секунди задолжително стоење, и покрај тоа, тој забележа победа.

После таа победа, Хамилтон ја намали разликата во шампионатот од 33 поени, на само осум во однос на Верстапен.

За одлуката за изрекување на казната да се промени, Ред Бул мора да презентира „значајни и релевантни нови докази“.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote