in

Судар на возови во Пакистан! Има над 40 жртви! (ФОТО)

Над 40 луѓе беа убиени и повеќе од 120 повредени откако два возови се судрија во Пакистан.

Властите потврдија дека 40 луѓе го загубиле животот во катастрофалната несреќа која се случи на југот на Пакистан во градот Дарки кој се наоѓа 440 километри од најголемиот пакистански град Карачи.

 

 

Сударот се случил вчера наутро и се верува дека бројот на починати за жал ќе расте. „Сеуште има луѓе под урнатините и можевме да забележиме неколку безживотни тела. За жал, бројот на починати ќе порасне“ изјави еден од официрите на местото на незгодата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote