in ,

Што?Што?

СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ НЕ СТИВНУВААТ КАЈ ПИТ И ЏОЛИ: По битката за старателство, Бред Пит и Анџелина Џоли повторно се судат, овој пат за пари!

Патем, поранешните сопружници потрошиле повеќе од милион долари во последните пет години на бракоразводни спорови и борба за старателство над децата.

 

Анџелина Џоли го продава својот удел во винаријата и целиот бизнис со вино што заедно со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит го поседуваат.

 

Таа исто така сака да го продаде својот удел во Nouvel LLC, компанија со седиште во Луксембург, која управува со лозјето Chateau Miraval, што го купи со Пит во Франција во 2011 година. Поранешните сопружници имаат еднаков удел во лозјето.
Американскиот портал пишува дека таа поднела барање во Лос Анџелес да се отстрани привремената забрана за пристап до нивниот имот, што следело автоматски кога поднела барање за развод во 2016 година. Судијата допрва треба да одговори на барањето на актерката за поместување на автоматската привремена забрана за пристап до имот, но нејзиното барање за итна постапка веќе беше одбиено во јуни.

Адвокатскиот тим на актерката за странските медиуми изјави дека поранешните сопружници досега воделе долги преговори, но не успеале да постигнат договор. Анџелина сега најде купувач од трето лице.

 

Патем, поранешните сопружници потрошиле повеќе од милион долари во последните пет години на бракоразводни спорови и борба за старателство над децата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote