Египетските власти соопштија дека планираат проширување на Суецкиот канал во блиска иднина.
Каналот ќе биде проширен и продлабочен со цел да се избегне слична катастрофа како што беше предизвикана од бродот Евер Гивен во март оваа година, пренесува Блумберг.
За време на прес конференцијата за медиумите, човекот кој е надлежен за Суецкиот канал, Осама Раби изјави дека каналот ќе биде проширен за дополнителни 40 метри и продлабочен за 10 метри за да се подобри движењето на бродовите во таа околина.
Претседателот на Египет, Абел-Фатах Ел Сиси изјави дека државата планира да одвои голем дел од средствата за да го финансира овој проект.