in ,

WTFWTF Што?Што?

Играта Super Mario Bros. од 1985 продадена за 2 милиони долари

Ретка, неотпакувана копија од првиот дел на легендарната видео-игра „Super Mario Bros“ од 1985 година беше продадена за вртоглаво рекордни два милиони евра.

Пред неколку недели копија од „Super Mario 64“ беше продадена за тогаш рекорди 1.56 милиони долари. Но, овој луд рекорд беше надминат со сума од 2 милиони долари кои анонимен купувач ги понуди на аукцијата на која беше понудена на продажба играта.

 

Ова е само уште една во низата високопрофитни аукции, а „New York Times“ пишува дека оваа копија е продадена на платфорамта „Rally“, која се бави со продажби од ваков тип.

Износот кој првично бил побаран за оваа игра бил 140 илјади долари, но во текот на аукцијата сумата се искачила до неверојатни два милиони долари, кои ги дал анонимен купувач кој се бави со купување на скапоцени предмети во светот на видео-игрите.

Инаку, интересот за ретките и стари игри е зголемен а неодамна за речиси 900 илјади долари е продаден и неотворенпримерот од првиот дел на култната игра „Legend of Zelda“ за „NES“.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote