in

Шесте англиски екипи, основачите на Суперлигата ќе платат по 20 милиони фунти!

Шест премиерлигашки клуба, кои беа меѓу иницијаторите на Европската Супер лига, денеска постигнаа договор со лигата, според кој се должни да платат 20 милиони фунти.

Доколку пак се обидат да создадат нова лига, клубовите ќе бидат лишени од 30 бода во Премиер лигата.

Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Тотенхем беа меѓу основачите на Суперлигата во април годинава, но набргу се повлекоа поради противењето на јавноста и навивачите.

Парите што клубовите треба да ги платат ќе бидат наменети за локални фудбалски проекти.

Извршниот директор на Премиер лигата Ричард Мастерс минатиот месец рече дека одлуката ќе се спроведе „на ефикасен, фер и соодветен начин“. Европската фудбалска унија (УЕФА) минатиот месец објави казни, вклучително и финансиски, против девет од 12-те клуба кои ја основаа Супер лигата.

Девет клуба, вклучувајќи ги Атлетико Мадрид, Интер и Милан, се согласија да отстапат пет проценти од своите приходи од натпреварувањата на УЕФА за една сезона, како и да донираат 15 милиони евра за поддршка на локалните и младинските фудбалски клубови во Европа.

Трите клуба кои ја основаа Суперлигата, Барселона, Реал Мадрид и Јувентус, не го потпишаа договорот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote