in

УбавоУбаво

МОРА ДА ЗНАЕТЕ! 5 суптилни гестови кои ја откриваат вашата несигурност пред другите!

Многу луѓе не сакаат да ги покажуваат своите слабости, па затоа кога поминуваат низ тешки моменти, тие најчесто не се обидуваат да им откријат на другите како навистина се чувствуваат и создаваат илузија дека сè уште ги држат работите под контрола.

Зборовите сепак не се доволни за да ги убедите другите дека ништо не ви пречи. Говорот на вашето тело несвесно открива дека сте сè уште вознемирени за нешто, а кои се гестовите што им покажуваат на другите дека сте несигурни, можете да дознаете во следните редови.

  1. Држење на рацете во џеб! – Во некои култури, држењето раце во џеб на јавно место се смета за некултурно. Ако го оставиме тоа настрана, држењето на рацете во џебовите повеќето го толкуваат како резервирано држење, што несвесно создава сомнеж дека криете нешто.

2. Постојано допирање на некој дел од телото! – Луѓето понекогаш допираат некој дел од телото, на пример, вратот, иако немаат добра причина за тоа. Можеби ќе им помогне да се релаксираат во стресни ситуации, но исто така им покажува на другите дека се чувствуваат несигурно.

3. Вештачка насмевка! – Насмевката може да ја скрие вашата нервоза, ако луѓето сметаат дека е искрена. Мал број на поединци успеваат. Повеќето луѓе залудно се обидуваат да се преправаат дека се расположени со пренагласена насмевка, но постигнуваат само спротивен ефект.

4. Кашлање пред да почнете со разговор! – Луѓето кои се под стрес имаат побрз ритам на срце, пот и имаат сува уста. Последново е причината зошто многумина од нив кашлаат пред да започнат да зборуваат.

5. Тапкање со нозете! – Луѓето внимателно ќе слушаат што имате да кажете и нема да се сомневаат дека се чувствувате вознемирено ако седите на маса со нив, но ако случајно забележите дека тапкате под масата, нивната перцепција за вас веднаш ќе се промени. Тие ќе почнат да обрнуваат помалку внимание на вашите зборови и повеќе ќе размислуваат за вашата ментална состојба во тој момент.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

3 поени
Upvote Downvote