in , ,

Што?Што?

САД- Сушата открила траги од диносаурус стари 113 милиони години (ВИДЕО)

Во Паркот на долината на диносаурусите во Тексас, САД, поради екстремните суши пресушила реката и пронајдени се траги од диносаурус од пред околу 113 милиони години, објавија во понеделникот од паркот преку соопштение за медиумите.

 

Повеќето траги кои неодамна беа откриени на различни делови од реката во паркот припаѓаат на акрокантосаурусот. Станува збор за диносаурус кој бил висок околу четири и пол метри (возрасен), а тежел близу седум тони“, рекла за „Си-ен-ен“ портпаролката на паркот Стефани Салинас Гарсија.

„Во паркот во Глен Роуз, Тексас, најдовме и траги од сауропосејдон, кој би бил висок околу 18 метри и тежок околу 44 тони“, додала таа.

Поради екстремните суши, голем број реки во паркот пресушија. Повеќе од 60 отсто Тексас минатата недела беше погоден од двете најинтензивни категории на суши и топлотни бранови.

Научниците велат дека траагите наскоро повторно ќе бидат покриени бидејќи се предвидува дожд.

„Иако овие траги ќе бидат видливи само за кратко време, ние сме многу возбудени. Паркот на долината на диносаурусите ќе продолжи со заштитата на овие 113 милиони години стари патеки не само за сегашните, туку и за идните генерации“, рекла Гарсија.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote