in , ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Слатко, кремасто, вкусно: Сутлијаш на ТУРСКИ начин (РЕЦЕПТ)! И љубителите на традиционалниот сутлијаш тврдат дека турскиот сутлијаш е одличен.

Овој едноставен десерт го обожаваат сите генерации – од најмладите поради сладоста, сè до најстарите, кои го враќаат вкусот на ориз и млеко во детството.

Овој пат, ви предлагаме да отстапите од традиционалниот рецепт и да пробате како се прави сутлијаш во Турција.

 

Состојки:

  • 1 чаша ориз
    3 чаши вода
    500 мл млеко
    6 лажици шеќер
    1 кесичка ванилин шеќер
    1 кесичка пудинг од ванила
    1 грст ореви

Во споредба со традиционалниот сутлијаш, оваа турска варијанта содржи и пудинг.

Подготовка:

Исплакнете го оризот од скроб додека водата не стане транспарентно чиста, а потоа гответе на тивок оган.

Додадете млеко и варете малку повеќе.

Измешајте пудинг во прав со ванилин шеќер и  шеќер во малку млеко, а потоа истурете во претходно сварениот ориз и млеко.

Мешајте сè на тивок оган додека не се згусне.

Истурете го готовиот десерт во чинии кои претходно биле навлажнети со вода.

Украсете со ореви, и послужете ладно.

 

На здравје!

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote